Ѕвер на патот: Вака изгледа Југо кога во него ќе се „вградат“ 900 коња
Точно е тоа дека во САД Југо можете да добиете бесплатно доколку купите одреден модел на Кадилак, но повеќето купувачи повеќе сакаат попуст отколку автомобил од Крагуевац.
Сепак, ова возло на некого му застанало при срце, па во него одлучил да вложи повеќе пари отколку што чини.
Пред две години, еден Американец објавил видео во кое се гледа како на Југото му вградил V-8 мотор.
Од предната страна ставил од седмата генерација на Елдорадо мотор, а на задната страна вградил уште една силна „ ѕверка“. Заедно тие два мотора имаат околу 900 коња.
Исто така тој ја појачал каросеријата, а на него се направени големи измени. Ова е најсилното Југо на светот.
Погледнете како изгледа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа