Неодоливи посни макарони
Колку знаат да бидат вкусни и неодоливи посните/вегетаријанските јадења се гледа уште од фотографијата :-)
Еве што ви е потребно за да го направите ги овој рецепт:
500 гр макарони
300 гр печурки
150 гр маслинки
свеж босилек
200 гр брокула
маргарин
кечап или доматен сос
сол и кари
Начин на подготовка:
Во сад со зовриена вода ги ставаме макароните да се варат околу 15-20 минути.
Во меѓувреме во тава на малку маргарин ги пржиме печурките и исецканите маслинки на тркалца, Ги додаваме брокулата, босилекот и кечапот/доматен сос.
Откако ќе се сварат макароните, им го додаваме приготвениот сос, промешуваме и ги сервираме со кари и друго по желба.
За повеќе од 50 посни и превкусни Gotvi.mk рецепти кликнете тука:
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа