Автобус полн со македонски државјани излетал од патот пред Будимпешта- повредени 28 лица
Автобус полн со македонски државјани излетал од патот. 28 лица се повредени, неофицијално дознава Пресс24 од извори во МВР. Најголем дел од повредените се Македонци, велат нашите извори.
Несреќата се случила во текот на ноќта на околу 50 километри пред Будимпешта во близина на г.Гор. Автобусот сообраќал на релација Скопје- Прага.
Според извори на Пресс24, информацијата утрово во МВР ја пријавил унгарскиот амбасадор во земјава.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
С.А.