Џафери ги пречека македонските мировници од мисијата во Авганистан

 

Чест ми е што го пречекувам контингентот од Армијата на Република Македонија кој во целост се врати жив и здрав, по една успешно завршена мисија, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери при пречекот на 14. ротација на припадници на АРМ, кои денеска пристигнаа на аеродромот „Александар Велики“ во Петровец.

Според командантот на контингентот, потполковникот Стојанчо Тодоров, мисијата е успешно завршена, а војниците на АРМ, нагласи, дале сè од себе да покажат дека сме рамноправни со сите земји членки на НАТО.

На новинарско прашање за идниот ангажман на АРМ во мировни мисии, министерот Џафери посочи дека Република Македонија останува подготвена да го продолжи своето учество во меѓународните мисии за поддршка на мирот, вклучувајќи ја и новата пост-ИСАФ мисија на НАТО во Авганистан по 2014 година, толку колку што е потребно и согласно нашите капацитети.

Инаку, во 15. ротација која од неодамна е дел од силите ИСАФ во Авганистан, АРМ учествува со 156 припадници, односно со механизирана пешадиска чета. „Леопардите” од 1.мпбр во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега