Фрчковски: Комисијата за настаните од 24 декември не може да работи по оставката на Давитковски

 

Нацрт извештајот кој го подготви Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември, на околу 30 тина страни со хронологија на настаните, заклучоци и препораки и врз база на мартовскиот политички договор помеѓу политичките лидери и претставниците на ЕУ, е добра, многу добра основа за конечен извештај на комисијата.

Во него, во клучните препораки беа вградени и идеите на странските набљудувачи (препорака 7 и 11) кои учествуваа во комисијата.

Но, по консултациите што беа направени околу правните квалификации за настаните во собранието на 24-ти декември и споменатите препораки – јасно е отсуството на политичката волја да се погледне во очигледното, имено, да се најде решение за настаните, кое сите во Македонија и нашите пријатели во ЕУ го очекуваат од нас.

Овдека не станува збор за наши мислења виз-а-ви нивни мислења туку се работи за отсуство на политичка волја Комисијата да влезе во остварување на дел од нејзиниот мандат, врз основа на мартовскиот договор. Тоа е делот каде што се обврзува комисијата да расправа за уставноста на настаните.

Всушност, одбивањето за расправање по однос на уставноста е клучниот, главниот проблем кој ја блокира Комисијата. Не коментарите од разните страни, комисијата го решава тоа, расправајќи, вградувајќи ги во својот материјал.

Се работи за отсуство на политичка волја за клучниот елемент кој имаме мандат да го направиме, а тоа е уставноста на настаните

Тоа не доведе во ситуација претседателот на комисијата да депонира оставка на својата функција и неа да ја достави до претседателот на државата.

Практично и правно со тоа комисијата ја запира својата работа- до конечна одлука на надлежните околу оставката на претседателот на комисијата.

Значи нема опции комисијата да работи без претседател затоа што таа правно е заснована како целина со еден акт во овој состав.

Што значи таа запира со работа и да остави можност консултациите да продолжат, поинтензивно околу само две точки, дали ќе ги вметне и на кој начин ќе ги вметне правните квалификации кои се превземени од вордингот на експертите на ЕУ.

Интегрален текст од изјава на Фрчковски.

ФОТО: Таратур

најчитано сега