Скопската фризерка: Татко ми не знаеше од каде ми се парите на сметката

 

Денеска во Основниот суд Скопје 1, скопската фризерка Благица Дончовска повторно седна на обвинителната клупа. 

Во текот на денешното рочиште, скопската фризерка зборуваше повторно за тоа како измамените сами се вплеткале во измамата, пренесе Плусинфо.

Дончовска денеска во сидницата посочи дека со години има фризерски салон од кој добро заработува. Исто така, таа изјави и дека нејзиниот татко Александар Вељановски, кој е обвинет за помагање, не знаел ништо дека таа ја злоупотребува неговата сметка. Бидејќи не била ополномоштена, парите ги вадела во присуство на татка си, а тој иако повеќе пати ја прашувал од каде и се толку многу пари таа само му одговарала дека е се во ред и дека нема потреба да се грижи, пренесе Плусинфо.

Таткото во овој период не се грижел многу за сметката бидејќи имал други приоритети. Неговата друга хендикепирана ќерка требала да се оперира во странство, па тој повеќе бил загрижен за тоа отколку за сметката во банка.

Инаку, фризерката беше уапсена пред повеќе од еден месец поради станбена измама. Таа на повеќе од 40 лица меѓу кои и јавни личности им продала фиктивни станови.