Судот во Стразбур ја одби жалбата за сметките за парно на скопјанецот Стрезовски

 

Жалбата на скопјанецот Стрезо Стрезовски кој се жалеше дека му се нарушени основните човекови права и слободи од страна на jавната власт и Регулаторната комисија за енергетика, денеска е одбиена од страна на Европскиот суд за човекови права, пишува Дневник.

Стрезовски  бараше заштита од Судот бидејќи како што велеше спротивно на својата волја бил приморан повторно да ги користи услугите на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, а ако го одбие тоа, неограничено долго да плаќа паричен надомест за „ангажирана моќност“.

- „Земајќи ги предвид сите достапни материјали и во границите на својата надлежност, Судот оцени дека критериумите на допуштеност што се дефинирани во членовите 34 и 35 од Kонвенцијата не се исполнети. Оваа одлука е конечна и не може да биде обжалена ниту пред Големиот совет, ниту пред кој и да е друг орган“, стои во известувањето од Судот.

Извор: Дневник

ФОТО: Утрински

 

 

најчитано сега