Прочитајте го целото писмо што Самарас му ги испратил на Груевски
Не е потребно да се формира дополнителен тим за да се реши името, потребна е вистинска посветеност за решение. Билатералните средби кои немаат нешто реално би оставиле погрешен впечаток, ЕУ е таа која што не се занимаваше со вашето прашање на Самитот, ниту пак постоеше во пролетниот извештај препорака за датум,.Грција е конструктивна во преговорите и го има направено чекорот што е потребен, сега сте вие на ред, размислете уште еднаш за предлог меморандумот кој што ви го испративме.
Најискрено не гледам додатна вредност ако се формира дополнителен механизам, нешто повеќе од преговарачките тимови кои веќе постојат. Решението нема да дојде со одредување на повеќе преговарачи, кои би имале, како што велите “политичка мандат“. Нашиот преговарач, амбасадорот, господинот Василакис, има целосен политички мандат за конструктивна соработка со амбасадорот, господинот Нимиц и неговиот колега од вашата земја за да се најде решение. Доколку двете инволвирани страни ја имаа покажано истата политичка волја, истата политичка храброст и истата желба за решение тогаш овој проблем ќе беше до сега решен. Но, суштината најверојатно е на друго место. Прашањето што треба да се одговори е дали постои вистинска или маскирана посветеност кон процесот што трае речиси 2 децении. 18 години господине Премиере, е многу долг период за некој да ги припише каприците на само една земја, според описот кој вие го давате на овој проблем “ – му пишува Самарас на Груевски и објаснува дека Атина била и конструктивна и покажала политичка храброст, но како што вели – нашата страна била таа која со реториката и практиката не само што го попречувала разбирањето меѓу двете земји, туку и што е многу посериозно го вртела народот против Грција, обвинувајќи ја неа за сите проблеми.
Исто така го прочитав, господине премиер, морам да признаам со одредено изненадување, вашето мислење околу тоа кој го попречува започнувањето пристапни преговори на вашата земја со ЕУ. Освен правилата и процесите со кои се регулира ЕУ, би сакал да ве потсетам дека препорака за почеток на пристапни преговори не постоеше, ниту во пролетниот извештај на Европската комисија, додека пак на неодамнешниот Совет во јуни, воопшто не стана збор за ова прашање.
За жал вашата страна не одговори суштински на се што предложивме. Ја користам оваа прилика, да ве поканам одново да го разгледате нашиот предлог “
Извор: Канал5