Заканувачот на Дамјановски од него барал 10.000 евра

 

10 илјади евра и условување да престане да прави опструкции во Комисијата за верификација на факти, барало од Чедомир Дамјановски лицето кое телефонски му се заканувало, дознава Либертас.

Инаку, МВР потврди дека лицето кое се заканувало е веќе фатено и дека се правдало дека телефонот е негов но дека наводно бил во спортска обложувалница и двајца други му го зеле телефонот, па му се заканувале и му барале пари на Дамјановски.

Според информациите од Либертас, според снимката од телефонот на Дамјановски, заканувачот од него барал 10.000 евра и го условувал Дамјановски да престане да ги опструира одлуките на Комисијата за верификација на фактите и да не ги брани кодошите.

ФОТО: Канал 5

 

најчитано сега