Реконструкција на доводниот тунел на ХЕЦ Пена
ЕВН Макдонија од 22 јули до 15 август 2013 ќе го реконструира доводниот тунел во Хидроелектричната централа Пена. Целокупниот дотек на водата од реката Пена ќе се испушта преку преливниот орган во природното речно корито, во согласност со сите законски и еколошки мерки.
Локалното население треба внимателно и со избегнување на можни опасни ситуации да го користи потегот на природното течение на реката за нивните потреби. Иако не се очекува зголемување на нивото на водостојот на реката Пена сепак движењата и активностите на граѓаните на овој потег треба да бидат ограничени.
Санацијата на 25 години стариот доводниот тунел на ХЕЦ Пена е инвестициски проект на ЕВН Македонија со кој ќе се зголемат квалитетното и континуираното производство и снабдувањето на локалното население со електрична енергија.