Над милион швајцарски франци за заштита на Преспанското Езеро

 

Денеска македонскиот министер за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото, в.д. постојаниот претставник на УНДП Алесандро Фракасети и градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски на прес-конференција ќе најават нови 1,3 милиони швајцарски франци за проектот за заштита на Преспанското Езеро.

Инаку, реализацијата на проектот почна во јули минатата година, а вкупната вредност е 6,3 милиони швајцарски франци. 

Проектот е заснован на Планот за управување со сливот на Преспанското Езеро – прв план од ваков тип во Македонија  изработен во согласност со европските директиви, а финансиски и технички е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП.

ФОТО: Утрински