Крадецот од Капиштец падна во рацете на Алфите

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 38-годишниот С.Ѓ. од Скопје осомничен дека извршил кривично  дело „разбојништво“ за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

На 20 месецов околу 20  часот на улицата „Васил Ѓоргов“ поточно во обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана во Трговскиот Капиштец, крадецот маскиран со фантомка и вооржен со пиштол влегол во обложувалницата се заканил на вработената и уште едно лице кое било присутно во објектот и побарал да му ги даде парите. Откако таа му ги дала парите од фиоките тој ги ставил во кеса и го напуштил објектот упатувајќи се кон трговскиот центар „Беверли Хилс“. Лицето кое било затекнато во објектот веднаш излегол после пријавениот следејќи го и видел како влегол во такси возило по што веднаш излегол, бидејќи истото било највероватно зафатено. Се обидел да сопре друго патничко моторно возило кое го управувало женско лице, но откако и во тој обид не успеал да запре возило, застанал на средината на улицата и запрел возило марка „Форд Ескорд“ со скопски регистерски ознаки, влегол во него и седнал на совозачкото седиште по што го замолил возачот да го однесе побрзо до Карпош 4 под изговор дека го нападнале три лица и истиот го однел до бараното место и го оставил.  

Лицето кое било присутно во објектот, соопшти денеска МВР, веднаш го пријавил настанот во СВР Скопје и околу 22,00 часот од страна на ЕПОИ Алфа на улица „Бојмија“ сопрен е возачот на возилото „Форд Фокус“ кој го превезувал пријавениот и тој бил приведен во Полициска станица.

Од страна на полициски службеници по превземени оперативни мерки и активности  бил утврден идентитетот на пријавениот по што истиот бил приведен од страна на единицата Алфа на улицата „Цветан Димов“. Со него бил извршен разговор во кој истиот го признал кривично дело и во целост го појаснил начинот на извршување. С.Ѓ. во разговорот појаснил дека откако се симнал од возилото се упатил на ул.„Разловечко Востание“ каде престојувал под кирија. Се пресоблекол го оставил пиштолот, а со себе ја зел ќесата со парите и плетената капа фантомка и се упатил кон населба Чаир каде што по кратко време бил приведен. Во моментот на приведување ќесата со парите наводно ја фрлил, а додека фантомката успеал да ја сокрие под совозачкото седиште во возилото.

На 21.02.2016 година по претходна судска наредба извршен е претрес во домот на пријавениот каде што привремено престојувал биле пронајдени и одземени еден пиштол марка „Екол Специјал“ 99 со една рамка и 17 парчиња муниција 9 мм, еден пиштол марка „Вамиро“ 8 мм и една празна рамка за истиот кои се предадени на вештачење, еден контакт клуч за возило, како и облека и обувки Во ПС ОН Бит Пазар било извршено  препознавање и од страна на оштетената истиот бил препознаен како сторител на кривичното дело.

С.Ѓ. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје во временскиот период од 1998 до 1999 година поднесени му биле три кривични  пријави

 
 
23.02.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега