Ефтов: Народот е мудар - гледа дека опозицијата е слаба за својата улога

 

Ова ќе биде еден фин политички вестерн. И да немате дилеми – Македонскиот народ секогаш знае да делува мудро, коментира Ефтов.

-Ви напишав пред два месеци: Кога во една држава опозицијата е слаба, тогаш политичка опозиција станува меѓународната заедница!!! Тоа не е лошо. Во такви услови на 24 април, на 5 јуни или кога и да бидат изборите – вие како гласачи ќе гласате референдумски: Дали се согласувате со политиката на меѓународната заедница во однос на Македонија!? Како ќе гласате е ваше право. Во каква држава сакате да живеете е исто така ваше право. Но исто така е ваше право на избори да кажете што мислите за лошата или добрата политика на Груевски но и за лошата или добрата политика на амбасадорот Бејли како лидер на политичката опозиција: Меѓународната Заедница. Ова ќе биде еден фин политички вестерн. И да немате дилеми -Македонскиот народ секогаш знае да делува мудро, коментира новинарот Васко Ефтов за политичката ситуација на социјалните мрежи.

Имено, вчера американскиот амбасадор изјави дека Собранието го има клучниот збор за тоа кога ќе има избори додавајќи дека во оваа фаза нема услови да се организираат избори на 24 април.

Бејли како можен датум за избори го спомена 5 јуни, но рече дека одлуката за избори треба да ја донесе Собранието.

-Собранието го има клучниот збор за тоа кога ќе има избори – посочи Бејли.

 
 
22.02.2016 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега