Македонската и грчката железница ќе потпишат меморандум за соработка

 

 

Наскоро ќе биде потпишан меморандум со кој македонски железници - Инфраструктура и Грчките железници ќе ја интензивираат соработката. 

Ова денеска во Скопје го договорија директорите на двете претпријатија Ирфан Асани и Панајотис Теофанопулос, кои остварија средба меѓу двете компании по 25-годишна пауза.

Двајцата директори меѓу другото разговараа за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун: - Ќе се обидеме да го воведеме тој воз, но се зависи од тоа колку е исплатливо да се воведе таа линија. Не треба да се доведеме во ситуација да влеземе во загуба, истакна Асани на прес-конференцијата по средбата.

- Треба да соработуваме затоа што само така ќе имаме побезбеден, подобар и поевтин железнички сообраќај. Сите пруги треба да се поврзани и да имаме еднакви стандарди. Не се работи за македонски, српски или грчки железници, туку за железница како целина во која треба да имаме побрз пренос на патници и стоки. Еден воз кога ќе тргне од Пиреа или Атина и ќе стигне во Германија, тогаш тој воз не е само грчки, туку на сите држави низ кои поминува, потенцира Теофанопулос.

-  Имавме 28 црни точки каде имавме бавно движење на возовите, односно тие се движеа со намалена брзина од 20 километри на час. Исто така, имаме и други проблеми кои ги немаат земјите кои веќе се дел од ЕУ како Бугарија и Грција. Имаме чекање на стоката на царинска или полициска контрола која во дадени ситуации трае и со часови, нагласи Асани. 

ФОТО: Журнал

најчитано сега