ЕВН: Продолжуваат контролите на мерните места и исклучувањта на должниците

 

ЕВН Македонија во втората недела од  месец јули на 27 корисници им испорача пресметки за неовластено користење на електричната енергија и во судовите поднесе кривични  пријави за корисниците.

 Засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица придонесоа да се откријат двојно поголем број на кражби на електрична енергија споредено со првите седум дена од јули.

 Штетата која ја направиле во системот изнесува 3,6 милони денари, односно крадците потрошиле 560 000 Kwh електрична енергија. Директно приклучени во мрежата биле 11 корисници, тројца од фатените корисници го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот што исто така е кривично дело казниво според законските прописи во земјава.

 Полицијата и стручните лица од ЕВН Македонија ги продолжуваат засилените контроли и во наредниот период. Покрај крадците на електричната енергија, ќе се санкционираат и нередовните плаќачи. Непопуларната мерка исклучување од дистрибутивниот систем следува за оние корисници кои имаат неподмирен долг кон ЕВН Македонија, а тужените долгови се предаваат на постапување кај извршителите. 

ФОТО: Кичево.мк

најчитано сега