Шок во Битола: Мајка му ги запалила становите на сопствениот син

Во текот на вчерашниот ден полицајците од СВР Охрид доживеале шок кога мајка признала дека сама сакала да го запали станот на синот. 54-годишната Љ.К. од Битола пријавила дека лично самата се обидела да ги опожари становите на нејзиниот син З.К. (30) од Битола, лоцирани на улиците „Момчило Јорданоски“  во Охрид и „Питу Гули“ во Битола. Пожарите биле изгаснати од страна на противпожарната единица.

Во станот во Битола целосно се изгорени аголна гарнитура за седење и тепих во дневната соба, тепих во ходник, а оштетена и опожарена е целата покуќнина во кујната, трпезаријата, дневната соба и спалната соба. Додека, пак, во станот во Охрид опожарен бил двоседот, а од пламенот оштетен бил и телевизорот. 

 
 
19.02.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега