Средба Вељановски-Пахор: Ќе направиме се Македонија да влезе во ЕУ

 

Денеска претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски се сретна со претседателот на Словенија кој е во дводневна посета на Македонија и го запозна гостинот со актуелната политичка состојба во државата, со одржаните локални избори, со покажаната волја на народот на истите и нормализираната состојба по настаните кон крајот на минатата година.

Претседателот Вељаноски го запозна гостинот и со посветеноста во спроведувањето на реформите на патот на евро-атлантското интегрирање на Република Македонија, како и со подготвеноста да се направи уште повеќе, да се имплементираат уште реформи во насока на подобрување на животот на граѓаните.

Претседателот на Република Словенија, г. Пахор изрази задоволство од посетата на Република Македонија, на претседателот Вељаноски му пренесе поздрави од словенечкиот колега, претседателот на Парламентот на Словенија г. Јанко Вебер и изрази убедување дека средбиве допринесуваат кон зајакнување на севкупите односи меѓу двете пријателски држави.

  Претседателот Пахор изрази подготвеност Република Словенија да направи се што е во нејзина можност за олеснување на интегрирањето на Република Македонија.