Груевски: Парична стимулација за упис на техничките факултети

 

Пазарот на труд има  потреба од кадри од техничките факултети, а поради дефицитот, ВМРО-ДПМНЕ промовира нова мерка за стимулација за упис на овие факултети.

-Популаризацијата на техничките науки кои се дефицитарни е дел од пошироката стратегија за целокупен економски и индустриски развој на Република Македонија. Кадри недостасуваат на пазарот на трудот. Затоа во академска 2017-та и-2018-та ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно. Условот е да не презапишуваат предмети, рече Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ова ќе придонесе да се стимулираат што повеќе млади да се запишат на техничките факултети.

 
 
18.02.2016 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега