Пациентите со малигни заболувања полесно ќе ја добиваат потребната терапија

Фондот за здравствено осигурување во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија го олесни начинот на обезбедување и подигање на терапија за пациенти со хормонски репонсизвен рак на дојка и простата.

Сите пациенти кај кои е дијагностициран рак на дојката или на простатата, досега еднаш месечно со специјалистички упат од матичен лекар доаѓаа на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за да ја подигнат соодветната терапија, но според новото олеснување осигуреното лице ќе може да ја добие својата терапија која вклучува лековите ароматаза инхибитори, таблетарна бифосфонантна терапија, LHRN агонисти и инхибитори на тестестерон, на секои три месеци со доставување на болнички упат кој ќе важи една година од денот на издавање, а важење на упатот ќе се докажува со потврда за платен придонес.

Во однос на третманот на осигурените лица со услугата брахитерапија, отсега ќе биде потребан само еден упат кој го покрива целокупното времетраење на услугата од просечно три седмици.

Целта на ФЗОМ е со ова да се олесни начинот на подигнување на терапија за пациенти со хормонски респонзивен рак на дојка и простата и за пациенти со тумори на гастроинтестинален тракт.

ФОТО: Дневник

 

 

најчитано сега