Тетовчанец пронашол бомба во својата куќа

П.Н.(61) од Тетово  вчера пријавил во полиција дека во помошен објект во дворот пред неговата куќа на улица „Љубљанска“ пронашол експлозивна направа-рачна бомба што најверојатно била ставена во паднатиот дел од таванот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, бомбата што е од германско производство, била со дрвена рачка, во значително корозирана состојба и без видливи ознаки.

– По пријавувањето бил извршен комплетен увид, бомбата и местото биле фотодокументирани, а нешто подоцна бомбата била подигната и безбедно транспортирана од претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување, рече Јосифовски.

 
 
17.02.2016 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега