Филмот „Мајки“ презентиран во Јапонија и Амстердам

 

Проекцијата на филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски вчера се одржа во Јапонија. По проекцијата на филмот, јапонскиот организатор Кјоко Хирано, организирал разговор со авторот. Манчевски со видео-линк разговарал со јапонската академска публика и одговарал на прашања на гледачите.

Минатиот месец Манчевски учествувал и на конференцијата „Градење социјална кохезија низ култура во конфликтни и пост-конфликтни контексти“ во Амстердам. Во рамки на конференцијата бил прикажан и филмот „Мајки“ и се одржал разговор со меѓународната академска публика.

Минатиот месец се појави и ново дистрибутерско издание на вториот филм на Манчевски, „Прашина“. Американскиот дистрибутер, „Лајонс гејт“ го пласира филмот во пакет со три други вестерни од американски автори. „Мајки“ неодамна беше прикажан и во Џакарта, на фестивалот „Европа на екранот: европски филмски фестивал во Индонезија“ и во рамки на манифестацијата „Глобална филмска инцијатива“ на Прат институтот во Њујорк.

„Мајки“ беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, осовои седум награди и беше вброен во 40-те најдобри европски филмови на годината. 

ФОТО: Кирилица