Започнува конкурсот за доделување стипендии за студии на Франклин Универзитетот
Денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски и директорот на МБА студиите на подружницата на Франклин Универзитетот од Охајо во Република Македонија, Никола Димески, ќе го најават конкурсот за доделување стипендии за втор циклус академски студии од областа на бизнис администрација на Франклин Универзитетот.
Согласно одобрението за вршење вискообразовна дејност на странска високообразовна установа на територијата на Република Македонија, Франклин Универзитетот од Охајо, студиите ги организира и реализира во просториите на Економскиот факултет во Прилеп.
ФОТО: Влада