Темелко: Има структура на самобендисани луѓе кои постојано ги потценуваат луѓето од Пустец, ние сме чесни луѓе

 

Жителите на општина Пустец се многу вредни и секој што ги знае, знае дека се работен народ.

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, во своето гостување на Сител телевизија истакна дека иако постојат самобендисани луѓе кои постојано ги потценуваат луѓето од Пустец, тие се чесни и работливи луѓе.

– Жителите на општина Пустец се многу вредни и секој што ги знае, знае дека се работен народ. Тоа подобро го знаат и Македонците од матичната држава, многу цркви низ Македонија се од нивна рака. Тоа е една тешка работа, ама уметност која ја работата Македонците од Пустец. Ние сме на тромеѓето Албанија, Македонија и Грција. Тие жители се занимаваат со грав и цела работа е на тоа поле. Одат на сезонска работа, се враќаат во Ресен… Работлив народ со сезонско вработување, риболов и во администрација има многу малку вработени. Јас сум градоначалник што доаѓа од една етничка партија и секогаш ќе бидам на мета на властите кои се трудат да најдат начини ако имаме скромен буџет, но се е регуларно во општината и нема никакви проблеми ни од коруптивен аспект и од кршење на законот. Ние сме пример, а тоа го кажува цела меѓународна заедница во Албанија, пример општина Пустец за лојалност и чесност во работата, изјави Темелко.

Тој потенцираше дека иако општината работи со многу мал годишен буџет, постојано преку политичкото делување добиваат грантови и финансии, па успеваат многу да направат за општината Пустец.

 

 
 
15.02.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега