Жителите на Пустец одлучно застанаа зад Темелко: Со неговото апсење се ситат тие што не се Македонци

 

Жителите на Општина Пустец силно и одлучно застануваат зад градоначалникот Едмонд Темелко и го осудуваат чинот на неговото приведување од страна на СЈО Катица Јанева и сдсмовскиот министер Оливер Спасовски. Тие порачуваат СЈО уште еднаш да го преиспита покренатото обвининие, бидејќи сметаат дека истото е неправедно.  Додаваат дека со ова се ситат тие што не се Македонци, тие што работат против Македонија.

-Јас сум обичен жител во подрачјето на Преспа, да ти кажам вистина многу сум изненаден од овој недобар чин што го направија спрема нашиот народ што живее во Албанија. Ја повикувам госпоѓата Катица уште еднаш да го испита уште еднаш покренатото обвинение, бидејќи е многу  неправедно, тоа не поништи нас како македонска нација што живееме во Албанија и голема неправда кон господинот Темелко, бидејќи тој е човекот што ја носи македонштината и премногу ја сака Македонија, секогаш има работено за доброто на македонските интереси. Уште еднаш во името на сите граѓани на Преспа ја повикувам госпоѓата уште еднаш да го испита овој налог бидејќи не е праведен и не е вистински. Оваа работа му оди во прилог на луѓето од СДСМ и е дирекно по нивен налог и влијание. Многу пати не имаат обвинувано за многу недобри нешта, дури да ви кажам право и тешко ми е да го кажам не имаат нарекувано „свињи“, не е вака овде тука живее народ што ја сака Македонија и што жали по тоа парче земја и е дело од телото наше и о нашиот живот, вели еден од жителите на Мала Преспа во анкетата на телевизијата „МЕГА“.

Друг жител на Мала Преспа вели дека апсењето на Едмонд Темелко е антимакедонски чин.

-Јас сум жител на Мала Преспа, и имам големо почитување за градоначалникот Едмонд Темелко. Апсењето на Темелко беше анти-македонско. Темелко е голем борец за Македонците во Мала Преспа кој му служел и човек со чиста совест, чиста душа и чисто срце. Од секогаш се борел да направи добри дела во Мала Преспа и мислам дека ваквиот чин беше погрешно нешто. Мислиме дека ова работа се дело на СДСМ, сакаат да не заплашат, ние сме чисти Македонци и тоа го знаат и во Македонија и по дијаспората и сегде. Темелко има направено големи дела и за Мала Преспа и за Македонија, сме се бореле за нашите права и за се. Во времето на Енвер Хоџа ни беа укинати сите права, а сега сакаат да ни ги укинат Македонците од СДСМ, вели тој, пренесе Курир.

Уште еден разочаран жител вели дека обвиненијата кои се покренати против градоначалникот, Едмонд Темелко се чудни за целата средина во Албанија каде што живеаат Македонци.

-Обвиненијата против градоначалникот Едмонд Темелко некако се чудни за нашата околија, не знам ние тука едвај стигнавме тука кај што сме. Да речеме, почнавме со едно мало друштво, основавме партија, почнавме со еден советник во општината, денеска достигнавме до 8-9 члена во советот на општината од македонската партија. Значи имаме работено премногу за ова подрачје да биди тоа што е. Обвинувањата против Темелко за нас се апсурдни. Апсењето на градоначалникот беше најанти-македонски чин, наместо да не подржи матичната држава, ова дојде…, не разочара што се вика. Со ова се ситат тие што не се Македонци, тие што работат против Македонија, нез нам како да речам, разочарано вели жителот.

Вознемиреноста и разочараноста не ги изостави ниту постарите лица, кои иако поминале низ многу потешки времиња, велат дека сепак вакво нешто не искусиле во животот до сега.

-Јас од една годишна возраст останав без татко заради Македонија, беше борец од 1944 до 1946 година, затоа треба да мислат кога беше војната во 1944 од каде зедоа луѓе за да се борат рамо до рамо со Македонците, нашите отидоа. А сега срамно е да ни ги уништат нашите права. Едмонд Темелко е за народот, а најмногу тешко ми е, сакам да кажам дека ние како Македонци не сме ниту „свињи“ ниту „вошкари“, ни донесле помош на „свињите“ и „вошкарите“, па и на нив им имаат давано помош и ние кога бевме во мака нас ни се најде Македонија, ама кога беше во мака Македонија наши луѓе отидоа за да помогнат. Македонија не смееше да го направи она што го направи против Темелко, нема никаде како Едмонд Темелко, нема нигде таков праведен човек, а и Катица Јанева и нејзините кои ни го кратат нашето право да размислат што прават, сакаат да не одалечат да не тргнат настрана, тие да си го соберат паметот, калабалакот и со добро да си го соберат народот. А опозициската СДСМ нас не направи „свињи“, ние колку толку имаме една телевизија од каде се информираме, зашто да тврдат дека ние немаме право на глас, колку што имам јас право тие немаат и затоа срам да им биде, незнам ова е нешто недобро и неубаво, многу неубаво. Секој да си го собери паметот и да се зближиме сите и тие и ние, вели видно разочараната бабичка.

 
 
14.02.2016 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега