Две тешки кражби во Драчево

Во Полициската станица во Драчево, на 10.02.2016 година пријавено е дека на 09/10.02.2016 година во ОУ„Алија Авдовиќ“ во село Батинци, од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што најпрво со погоден предмет сторителот или сторителите делувале на еден од прозорите, влегле внатре, а потоа го отвориле шкафот од каде одзеле 38 лаптоп компјутери, по што го напуштиле местото на настанот стекнувајќи со противправна имотна корист  од околу 190.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот

А на 11.02.2016 И.И (61) исто така од скопското село Батинци пријавил дека во временскиот период од 09 до 11.02.2016 година од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба во неговата куќа на тој начин што откако се качил на терасата, ја отворил балконската врата, влегол внатре извршил пребарување и одзел пари, околу 5.500 евра, четири златни прстени и четири златни алки, по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 420.000 денари. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
13.02.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега