Малолетници од Скопје преживејаа драма за 180 денари

Пред 20 часот синоќа на улицата Кеј 13 Ноември, поточно кај мостот Гоце Делчев, четири насилници нападнале две малолетни момчиња, на возраст од 12 и 14 години. Според податоците од полицијата, им биле одземени мобилен телефон и 180 денари. Со тоа на малоелтниците им е направена штета од 14.000 денари. 

Инцидентот се случил така што додека тие се шетале на кејот, насилниците им се доближиле и со нож им се заканиле да ги испразнат своите џебови. Потоа избегале од местото на настанот.

Полицијата работи на случајот.

 
 
12.02.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега