ФОТО: Распределени 25 социјални станови
Вкупно 52 семејства поднеле документација во Центарот за социјални работи за апликација за добивање на социјален стан во Демир Хисар. На денешната преелиминарна распределба, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски истакна дека валидна документација доставиле вкупно 30 лица, што значи дека само овие 30 лица ќе бидат земени во предвид за распределбата на 25-те станови во овој град.
Министерот истакна дека преку системот на електронска распределба сите имаат еднакви шанси за добивање на социјален стан.
-Многу е важно што оваа јавна распределба е прелиминарна и не е конечна, поточно сите лица кои системот ќе ги покаже како добитници на социјален стан не значи дека ќе бидат и нивни конечни добитници. Во наредниот период Комисијата составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. Секаде каде што ќе се увиди дека фактичката состојба не се совпаѓа со приложените документи ќе бидат иземени од листата и становите ќе бидат доделени на лица со ист или помал број на бодови кои ги исполнуваат пропишаните услови во огласот, потенцираше Мисајловски.
Тој дода дека досега на над 600 семејства да е овозможен постојан покрив над главата со што Владата го решила едно од најважните прашања во нивниот живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа