Латас: Им се извинувам на сите Турци - турскиот народ и турската држава се големи пријатели на Македонија

 

Жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас во третиот Дневник.

-Мој гаф, во текот на Дневникот употребив израз дека Заев лаже како Турчин. Им се извинувам на сите Турци поединечно, како на турската нација, така и на турската држава. Напротив, сметам дека и турскиот народ и турската држава се големи пријатели на Република Македонија, особено во поново време, нивните граѓани во РM се лојални и придонесуваат за сите позитивни процеси во државава и затоа жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече Латас.

 
 
11.02.2016 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега