ВИДЕО: СДСМ повторно со вербални навреди сакаше да испровоцира инциденти во Собранието

 

Пратениците на најголемата опозициска партија СДСМ со низа вулгарни вербални навреди повторно сакаа да испровоцираат инцидент во Собранието на Република Македонија за време на собраниската Комисија за образование.

Слично како и пред неколку дена кога пратениците на СДСМ денес вербално нападнаа пратеничка во Собранието предизвикувајќи вистински хаос во салата, тие и вечерва се обидоа да испровоцираат инциденти во Законодавниот дом со недолично и уличарско однесување.

Пратениците на СДСМ предводени од кординаторот на пратеничката грипа Горан Сугарески агресивно и недолично се обидоа да испровоцираат насилен инцидент со директни навреди, закани и омаловажувања на своите колеги пратеници.

Ваквото напаѓање и изживување на СДСМ е само потврда дека партијата се наоѓа во незавидна положба, особено по најновата анкета на реномираниот институт БРИМА ГАЛУП, која покажува повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Очигледно е дека раководството, пратениците, членови на оваа партија се свесни за резултатите од неколкуте анкети кои покажуваат нов изборен пораз за СДСМ.

 

 
 
10.02.2016 - 21:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега