Во Македонија од почетокот на годинава 27.464 деца мигранти
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.02.2016 година, издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за азил на вкупно 2.455 странски државјани, од кои 918 од машки и 554 од женски пол, како и на 981 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, соопшти МВР.
Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 939 државјани на Сирија,потоа на 827 државјани на Авганистан и на 689 државјани на Ирак.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 09.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 72.873 странски државјани, од кои 29.478 се од машки пол, 15.787 се од женски и 27.464 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 144 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-35.177, Авганистан-22.924 и Ирак-14.769.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 09.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 09.02.2016 година евидентирани се вкупно 21 барател на азил од кои 17 мажи, две жени и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа