Топилницата во Велес се избриша од урбанистичкиот план на градот

 

 

Со усвојување на Предлогот за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Велес за 2013 година, се брише Топилницата за олово и цинк од целокупната планска документација.

Просторот каде е топилницата ќе биде пренаменет во зеленило.

Оваа одлука, како што информира советничката Валентина Делиманчева Андреева  од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција, ја донеле советниците на Советот на општина Велес на вчерашната седница. 

Делиманчева Андреева потенцираше дека советничката група на СДСМ без образложение гласала против оваа одлука и додаде дека е нејасно зошто СДСМ е против измената на ГУП, за конечно бришење на топилницата.

- Велешани обединети во изминатиот период во повеќе наврати јавно искажаа дека се против Топилницата во нивниот град. Развојот на локалната економија, пак, преку создавање и проширување на индустриските зони е најзначаен елемент кој му е потребен на градот. Само на тој начин ќе се отоворат нови работни места и ќе се зголеми стандардот на населението, рече Делиманчева Андреева. 

ФОТО: Лисица.мк