Адеми во посета на Литванија

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми учествува на редовниот состанок на министрите за животна средина на ЕУ и на земјите кандидати за членство на ЕУ во Литванија.

Адеми ги презентирал последните национални мерки кои, усогласени со политиките на ЕУ, обезбедуваат дополнителни инвестиции за заштита и унапредување на биодиверзитетот, за заштита на националните паркови во државата, како и за понатамошен развој на механизмите за спречување на климатските промени. - Комбинирајќи национални и меѓународни извори бевме во можност значително да ја подобриме заштитата на видовите и живеалишта. Сепак, останува уште многу да се направи, особено во однос на оперативните трошоци на администрацијата задолжена за заштита на природата и финансирање на други активности. Ова е област каде ние, на национално ниво, се уште се соочуваме со големи проблеми, истакнал Адеми во своето обраќање.

- Ние ја вклучуваме заштитата на природата меѓу приоритетните области. Независно колку успешни ќе бидеме во зголемувањето на јавните фондови за финансирање на проекти од областа на биодиверзитетот, учеството на приватниот сектор останува многу важно. Ова не само што помага во обезбедување на дополнителни финансиски средства, туку може да обезбеди и долгорочна одржливост на активностите за заштита. Затоа, ги поздравуваме ЕУ финансиските инструменти за биолошка разновидност кои даваат предност на финансирање од приватниот сектор. Ги следиме со интерес случувањата во оваа сфера и ќе бидеме подготвени да ги испитаме можностите кои таквите инструменти можат да ги донесат, се вели во соопштението од МЖСПП. 

ФОТО: Влада

најчитано сега