Нова закана ги демне корисниците на ВатсАп

 

На популарната апликација за комунцирање ВатсАп се појави нова измама, чија цел е измамниците да дојдат до вашите лични податоци. 

За да го постигнат тоа, хакерите испраќаат сомнителни линкови кои изгледаат како да доѓаат од вашите пријатели и се појавуваат како дел од разговор, но ако кликнете на нив ве префрлаат на веб страница која бара лични податоци. 

Ако не ја разберете измамата и ги поминете сите упатства со цел да добиете ваучери, вашиот телефон ќе биде заразен со „тројанци“, преку кои измамниците ќе имаат пристап до вашите податоци, пишува „Унилад“.

Телекомуникациските компании предупредуваат корисниците да бидат внимателни при отворање на линковите од ВатсАп и наведуваат неколку знаци кои укажуваа дека станува збор за измама:

1. Линкот ве упатува да ја испраќате пораката понатаму. 

2. Ве предупредува дека вашата сметка ќе биде затворена ако не ја испратите пораката понатаму.

3. Ви ветува награда ако ги поминете сите упатства до крај.

 
 
08.02.2016 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега