Денеска не се плашете од ништо: Оваа молитва ќе ве заштити од злобните луѓе

Денеска е Св. апостол Тимотеј.

Тимотеј бил роден во град Листра, Мала Азија. Таму овој дијамант го нашол апостол Павле, на своето прво патување. Подоцна Тимотеј ќе му стане постојан сопатник на апостолот и негова тврда поткрепа. Свети Тимотеј е првиот ефески епископ. Во Ефес го заврши и својот живот пострада маченички за Христа во 97 година. Во четвртиот век моштите му беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Апостоли. Во средните векови крстоносците ги однесоа во Италија. За него се зборува во Делата апостолски, а во новозаветниот канон има и две посланија од апостол Павле упатени до Тимотеј.

Тој се смета за заштитник на добрите и праведните, па денеска не треба да се плашите од противниците. Замолете го Бог за помош па Тимотеј ќе биде на ваша страна.

Оваа молитва кажете ја денеска:

„Богомудар Тимотее, ти си пиел од потокот на сладоста, и богомудро си ги напоил со богопознание и оние што сакаат топло да Го подржат Христа. Затоа си отишол при Него радосно. Молиго Христос Бог да ги спаси нашите души".

 

 

 
 
04.02.2016 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега