Изгледа очајно: Ја препознавате ли една од најубавите жени во светот?
Една од најубавите жени во светот, Адриана Лима речиси секогаш е совршено дотерана, но како и сите други „обични смртници“ и таа има денови кога не и „цветаа само рози“.
Всушност на својот Инстаграм профил објавила фотографија од еден таков ден, за да им покаже на фановите дека и нејзиниот живот не е совршен.
Не се жалам, само споделувам со вас дел од мојот живот. Понекогаш луѓето мислат дека живото како модел е лесен, но тоа е погрешно, ние работиме навистина тешко како и сите други. Мојот денешен работен ден траеше 10 часа, позирав настината, нон стоп кашлам и имам страшна главоболка. Тоа не ме спречи да го правам она што го сакам. Го направив тоа, и заминав директно на аеродром за да ги видам двете мои принцези. Летот ми каснеше 3 часа. Летав од Њујорк до мајами, дома стигнав во 2 часот наутро. Среќна сум што сум овде. И сакав со вас да го споделам моето лице, модел кој напорно работи и велам не сум единствена која работи толку тешко. Ви благодарам. Се надевам дека мојата порака нема да биде погрешно разбрана - напиша убавата Адријана и доби голем број коментари со поддршка и сочувство.
Адријана обично изгледа вака...
03.02.2016 - 23:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа