Еден од обвинетите во случајот Сопот почина од срцев удар

 

Еден од обвинетите во случајот Сопот,Самет Лимани починал и денеска е погребан во селото Сопот, со што заврши неговиот статус на обвинет во бегство, јави Алсат.

Според зборовите на неговото семејство, 43-годишниот Лимани починал од срцев удар, како последица на стресот кој го претрпел откако беше обвинет за случајот со експлозија на мина кај Сопот во 2003 година.

Инаку, Лимани до последните моменти од животот беше во бегство.

Во првиот процес за случајот со експлозија на мина кај Сопот во 2003 година, кога загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото.Петмина се соочија со судските власти и долг период останаа во притвор во Идризово, а шестмина беа осудени во отсуство, вклучувајќи го и сега покојниот, Самет Лимани, потсетува Алсат-М.

ФОТО: Плсуинфо

најчитано сега