Метеоролозите носат убави вести

Среда ќе биде променлива, но во насока на разведрување во текот на денот. Навечер ќе биде претежно ведро.

Во раните утрински часови во четврток ќе има услови за создавање на котлинска магла, која ќе потрае до претпладне, за потоа истата да се расчисти. На повисоките места се очекува претежно ведро време.

Во петок, повторно суво и претежно сончево време.

Во среда утрото ќе биде постудено во однос на вторник за околу 2°С.

Четврток носи нешто „потопло“ утро. Минималната ќе има вредности околу -2°С. Наутро во петок потопло во однос на четврток за околу 2°С.

Максималната температура ќе биде во „благ“, но постојан пораст. Таа во вторник ќе има вредности од 2°С до 5°С низ котлините, односно околу 7°С во југоисточниот крај.

Среда, потопла од вторник за околу 3°С.

 

Во четврток максималната температура низ котлините ќе има вредност помеѓу 6°С и 9°С, а на југоисток околу 13°С. Слична максимлана температура како во четврток ќе се заржи и во петок.

 
 
26.01.2016 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега