Академик Божин Павловски си заминува од МАНУ поради лустрацијата
Во знак на протест поради „гнилежот во државата и процесот на лустрација“, писателот Божин Павловски ја напушта МАНУ, пишува тој во својата колумна за Плусинфо.
„Пред 25 години, кога си заминував од овој колнат простор, можев барем да се пофалам дека зад себе оставам импресивна бројка од 5 илјади наслови книги издадени на македонски јазик, во компанија основана лично од мене, и со пристоен фонд уметнички дела што имаа освоено многу домашни и три меѓународни признанија. Но и сега, кога во знак на протест, излегувам од Академијата на науките по 25 години активно членување, и од Друштвото на писателите по рамно 50 години, имам чувство дека во нашава средина постигнав добри резултати. Дури 52 изданија од мојот опус се објавени на странски јазици, што овозможи и за моите нови дела да не се користат никакви државни субвенции“ – пишува Павловски.
Павловски на ваков чекор се решил откако денеска, Комисијата за лустрација на списокот соработници на тајните служби го стави академикот Томе Серафимовски и екс-разузнавачот Богоевски.