Маријан Николов: Добро е што се одложи либерализацијата на пазарот на струја

 

Маријан Николов, претседателот на  Центарот за економски анализи во интервју за Утрински вели дека добро е тоа што се одложи либерализацијата на пазарот на струја. 

-Кај нас никогаш не заживеа вистинска парламентарна демократија што е услов за ефикасна пазарна економија, вели Марјан Николов, претседател на Центарот за економски анализи за Утрински.

Минатата година се одложи либерализацијата на пазарот на струја, што наиде на реакции кај Европската енергетска заедница. Како го коментирате ваквиот потег?

- Во Македонија системот е така поставен да цените за базната и за пик потрошувачката се уште не се реални што од економски аспект не е во ред, затоа што ваков начин на тарифирање не ја одразува реалноста на економскиот трошок. Мислам дека Владата направи добар потег со одложување на либерализацијата, имајќи предвид дека само затоа што се работи за пик потрошувачи, по дефиниција ќе се плаќа многу повисока цена отколку што се плаќало до сега. Второ, во ЕУ директивите за електрична енергија ИЈма една категорија што се нарекува разумна цена за електрична енергија, под што се подразбира дека и општеството мора да види која е куповната моќ на потрошувачите. Од тој аспект по мое ми слење е добро што се донесе одлука да се одложи либерализацијата, бидејќи не можете да одите нонстоп со донесување одлуки затоа што тоа е согласно директивите на ЕУ. Тоа механичко носење на одлуки, на закони кои што не се одраз на домашната реалност, може дополнително да ја влоши и онака лошата економско политичка и социјална ситуација во Македонија, вели Маријан Николов за Утрински 

 
 
20.01.2016 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега