САД ги повикаа сите партии да учествуваат во изборите

 

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли ги повика сите партии и организации да учествуваат на изборите.

Во денешната писмена изјава се наведува дека спроведувањето на договорот од Пржино е клучно за македонските евроинтеграции, кои САД ги поддржуваат.

Бејли смета дека оставката на премиерот е важна пресвртница во тој процес, исто како и кредибилните избори.

– Ќе продолжиме да ја поддржуваме подготовката на избори, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во медиумската сфера и на други места. Времето е кратко. Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го набљудува напредокот на овој процес и ќе направиме наши проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и други тела – се наведува писмената изјава на амбасадорот Бејли.

 

 
 
20.01.2016 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега