ФОТО: Иванов му подари филигрантски крст на најсреќниот верник во Кичево
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Кичево.
Претседателот Иванов присуствуваше на богослужбата во Соборниот храм „Св. Апостоли Петар и Павле” и на церемонијата на положување на светиот крст.
Дејан Момироски беше најсреќниот меѓу верниците и го фати светиот крст на денешното одбележување на Водици во Кичево, а од претседателот Иванов на подарок доби филигрански крст.
19.01.2016 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа