Мицковски: Некои од аргументите на опозицијата не држат вода, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добиле поддршка од САД и ЕУ

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски на социјалната мрежа Фејсбук вели дека аргументите на опозицијата не држат вода. Особено не, пишува Мицковски онаа за медиумите, каде се покажа дека опозицијата финансира и поддржува Миленко сурогати кои би создавале култ на личноста и би воделе црни кампањи против сите опозициски настроени неистомисленици.

-За ДПМНЕ и ДУИ во овој стадиум да се однесуваат вака своеволно, значи дека добиле поддршка од САД и ЕУ, и дека некои од аргументите на опозицијата не држат вода. Особено не таа за медиумите, каде се покажа дека опозицијата финансира и поддржува Миленко сурогати кои би создавале култ на личноста и би воделе црни кампањи против сите опозициски настроени неистомисленици.  И сега што со опозицијата, за сметка на приближување кон власта го уништи реалното опозиционерство, наместо да обединува само се стеснуваше, и никој не го гледа тој аспект од проблематиката. Сега и да сакаат да бидат радикални, таа шанса и енергија, ја прокоцкаа, оставија купишти луѓе погазени и отфрлени, создадоа безброј непријатели наместо да бидат отворени и демократски настроени. Заев може до утре да ни објаснува како нема фер избори и демократија, но тоа така беше и порано, идејата беше преку различност и борба да се победи режимот на избори и покрај сите манипулации и предизборниот клиентелизам и корупција. Жалосно е колку време и луѓе се изгубија, за неколкумина да бидат храбри опозиционери., пишува Мицковски.

 
 
18.01.2016 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега