Промовирани стихозбирката "Двете во мене" и збирката раскази "10 Рани"

Вчера се случи промоција на две книги, стихозбирка "Двете во мене" и збирка раскази "10 Рани" во 18 часот, во Клуб ресторанот МКЦ. Автор на стихозбирките е Розита Христовска, промотори се г-ѓа Виолета Ачкоска и г-ѓа Виолета Сековска.

Покрај промоторките со свој настап учествуваа и танчери под водство на Арсо Динадинов, како и пијанистката Елена Мисиркова, која е амбасадор на култура во Виена. На промоцијата исто така беа присутни гости од повеќе градови од Република Македонија, меѓу кои и поголем број поети.

Инаку, корицата на книгите е изработена од страна на Драган Таневски, член на здружението на самостојни издавачи МАНУСКРИПТ, каде членува и самата авторка на книгите, Розета Хриестовска.

 

 
 
18.01.2016 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега