Доаѓа невиден студ: Препораки како да се заштитите

Поради ниските температури старите лица и хронично болните треба да посветат поголемо внимание. Се препорачува постарите луѓе и оние со поспор метаболизам да избегнуваат изложување на ниските температури особено во раните часови и во текот на ноќта.
Посебно внимание треба да посветат луѓето со кардиоваскуларни заболувања и оние со респираторни проблеми.
Облеката треба да биде топла но не премногу тесна. Надворешниот слој да не пропушта ветер и влада а се препорачуваат волнени џемпери, полипропилен и свила која задржува повеќе топлина во внатрешните слоеви од памукот.
При изложување на студот, заштитете ја главата со капа, рацете со ракавица а устата прекијте ја со шал за да спречите вдишување на студен воздух.
Да се избегнува потешка физичка работа на отворено и да не се игнорира евентуална треска поради студ. Во таква ситуација веднаш побарајте топла просторија.
Да се внесува оптимална количина на течности особено топли напивки а да се избегнува алкохол и кафиња.


 
 
18.01.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега