Еве на кои дестинации ќе патуваат Македонците за велигденските празници

 

 

Виена, Будимпешта, Истанбул, Верона, Венеција и Швајцарија се некои од дестинациите што ќе ги посетат македонските туристи за време на претстојните Велигденски празници.

Од туристичката агенција „Савана“ велат дека годинава за велигденските празници привлечна дестинација за македонските туристи е главниот град на Франција.

- Аранжманите за Велигден се комплетно продадени. Нашите патници имаат култура на патување и сакаат да посетуваат доста дестинации. Особено интересни се Италија и Швајцарија, Азурен Брег, Истанбул како хит дестинација, како и Будимпешта и Виена, изјави Дејан Спировски од „Савана“ на Саемот за туризам во Скопје.

А доколку решите да останете во Македонија, или пак да отпатувате тука блиску, во соседството, проверете какво време ве очекува на овој линк

најчитано сега