Подгответе се за најстудената недела оваа зима - до петок многу студено

Прилично студена недела е пред нас. По разведрувањето во втората половина од понеделник, нé очекува прилично студено утро во вторник. Минимлната температура во поголем дел од котлините ќе има вредност помеѓу -10°С и -14°С, а на повисоките места и до -18°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Денот ќе биде претежно ведар. Максималната температура низ земјата ќе остане под 0°С, и низ котлините ќе има вредности претежно во дијапазонот од -4°С и -1°С.

Во вторник навечер се очекува наоблачување, кое ќе се задржи се до среда претпладне. Токму ова наоблачување ќе допринесе утрото во среда да биде „поблаго“ студено во однос на вторник. Минималната ќе биде повисока за околу 3°С за разлика од вторник.

Преку ден температурата ќе има максимална вредност околу 0°С.

Попладне се очекува да се разведри повторно.

Четврток ќе биде ден со мала до умерена облачност, но навечер се очекува значително да се наоблачи, со можност за нови снежни врнежи кои ќе продолжат во ноќта кон петок. Засега, нема изгледи дека ова ќе бидат сериозни снежни врнежи. Веќе во петок попладне се очекува повторно да се разведри.

 

Во четврток и петок минималната температура ќ има вредности во дијапазонот од -8°С до -3°С. 

Дневниот максимум во четврток ќе биде во границите од -2°С до 2°С, додека петок преку ден ќе биде постуден за околу 3°С во однос на четврток.

 
 
18.01.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега