Ѓорче Петров ќе добие мултифункционални вежбални на отворен простор

Во општина Ѓорче Петров за прв пат ќе се постават 5 мултифункционални вежбални на отворен простор. Ова е изгласано на последната седница на Советот на општина Ѓорче Петров од страна на советниците на ВМРО- ДПМНЕ.

Се работи за вежбални од отворен тип на кои младите ќе можат рекреативно да спортуваат и да го развиваат спортскиот дух.

Првата вежбална ќе се постави за две недели во склоп на мултифункционланото игралиште на ул. „Христо Батанџиев“.

Останатите четири вежбални ќе се постават во урбаните заедници Хром на игралиштето кај “попиларната pолјана”, во Дексион кај локлаитетот Јурија, во Ново Село во скопл на ОУ „Тихомир Милошевски“ и во Волково кај последна 22-ка. Локациите се утврдени во согласно со барањата и потребите на младите во општината.

 
 
13.01.2016 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега