МЗШВ: Николовски треба да знае дека црниот бор не се користи за огрев

Жално е што дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во јавноста излегува тотално неподготвен. Ако веќе нема познавање, тогаш нека праша било кој граѓанин кој користи огревно дрво дали би користел црн бор за огрев и тоа опожарен. Црниот бор во стеблото содржи смола која прави штета на грејните тела и оџаците и нема никаква калорична вредност која е еднакво на согорувањето на слама, реагираат од Министерството.

Од таму велат дека, сакајќи да им се додвори на граѓаните, Николовски секојдневно паѓа во сопствената замка, неукост и во политички дилентантизам.

Министерството уште еднаш ќе појасни дека одобрението за извоз се однесува за опожарен црн бор во 2012 година, а обврска на ЈП Македонски шуми е да ја отстрани опожарената дрвна маса од теренот и повторно да го пошуми. ЈП Македонски шуми спроведе законска постапка и тоа по пат на Јавно наддавање и извезе 3.600 кубни метри во Грција поради тоа што нема интерес за купување од страна на домашни фирми, стои во демантот од МЗШВ.

 
 
13.01.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега