Декември потопол месец: Еве какво било времето

Температурите на воздухот во месец декември 2015 година биле повисоки од просечните до два степена, а во текот на месецот на ниту едно мерно место не се регистрирани врнежи, се наведува во редовниот месечен извештај на Управата за хидрометеоролошки работи при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Средните месечни температури на воздухот во текот на декември во Македонија се движеле од 0,8 целзиусови степени во Маврово до 6,8 степени во Гевгелија, а измерените вредности се повисоки од просечните до два степена.

Средните месечните температури се движеле околу 1,3 степени во Битола, 2,5 степени во Крива Паланка и Прилеп, 2,7 степени во Демир Капија, 3 во Штип и Струмица, 3,3 степени во Скопје. 

Заради големиот број ведри денови и мала облачност, средните максимални температури биле над просечните вредности, а средните минимални температури во рамките на просечните вредности или малку пониски. Мерењата покажуваат дека на мерните места апсолутните екстремни вредности на температурата на воздухот не се надминати.

Информацијата е изготвена според мерењата и податоците од главните метеоролошки станици на метеоролошкиот набљудувачки систем на Управата за хидрометеоролошки работи, за период од 1951 година до декември 2015 година.

 
 
13.01.2016 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега