Груевски со одлични вести на Фејсбук: Нова инвестиција ќе отвори 200 работни места

Како и што најавив на 24-ти декември минатата година во медиумите, денес се остварува ветувањето, се реализира инвестиција на компанијата German Electro-Mechatronic Systems за производство на LED светилки што ќе значи 200 вработувања, напиша премиерот Никола Груевски на својот ФБ профил.

-Со вчерашната инвестиција на компанијата BRG и рестартирањето на “Порцеланка” за два дена тоа е објава и почеток на реализација на две нови инвестиции што ќе значат 1200 вработувања, луѓе кои ќе земаат плата, со сигурна иднина и јасна перспектива за своите семејства. Нашата визија се остварува, нашиот план за нови вработувања и за подобар животен стандард, како и поддршка и развој економијата станува реалност, напиша Груевски.

Премиерот додаде дека тие така и ќе продолжат да се грижат за граѓаните и да работат за нештата кои се важни за напредокот на Република Македонија.

 
 
13.01.2016 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега